БРИЗГАЛКИ

Бризгалка е дел од системот за гориво која доведува атомизирано течно гориво под притисок директно во коморите за согорување.
Бризгалките се важен дел од моторот и нивното неправилно функционирање може да доведе до сериозни и скапи поправки.
Дизел бризгалките откажуваат од три причини, првата е механичката стабилност на структурата на бризгалката, втората е квалитетот на горивото кое поминува низ бризгалката и трета причина е неквалитетната филтрација на горивото.
Под механичка стабилност на структурата се подразбира квалитетот на самата бризгалка и деловите кои се во неа. Ова посебно се однесува кога станува збор за репарација, односно какви делови се вградуваат и со каков квалитет. Исто, многу важен е амбентот во кој се врши поправката, потребно е чиста климатизирана лабораторија која е опремена со прецизни апарати и уреди. И на крај доаѓа до израз компетентноста и стручноста на техничкото лице кој ги изведува овие активности.
Горивото како извор на енергија и двигател на возилото, игра значајна улога за техничката исправност и функционалност на моторот со сите негови компоненти. Следствено на ова контаминираното гориво и нечистотиите во резервоарот предизвикуваат трајни оштетувања особено на бризгалките и пумпите за гориво.
Симпоми на оштетени или нефункционални бризгалки:
  • Проблеми со стартување на возилото
  • Лоша работа во мирување (лер)
  • Лоша емисија на гасови
  • Моторот не постигнува полн број на вртежи (RPM)
  • Лоши перфоманси на моторот
  • Зголемена потрушувачка на гориво
  • Бучава при додавање на гас
  • Димење од издув
  • Тропање и детонации од моторот кои предизвикуваат катострофални последици
  • Загадување на околината
  • Моторното масло станува „тенко“- тешки оштетувања на моторот
  • При течење на бризгалки (кај бензински мотори) постои опасност од запалување
Од горе кажаното може да се заклучи каква е улогата на бризгалките и колку е важно правилно сервисирање. Ние во BOSCH центар располагаме со лабораторија, цела потребна апаратура и алат, оригинални резервни делови за поправка и одржување и технички обучени вработени. Поправката на бризгалките се врши по строго определени протоколи за работа дефинирани од Bosch, а клиентот добива извештај во писмена форма за извршената поправка.
February 2, 2018