Како да го заштитите Вашето возило од топло време?

На Вашето возило му е потребна заштита од високи температури и директна изложеност на сонце. Ваквите екстремни услови можат да предизвикаат сериозни проблеми на возилото и патниците. Следат неколку BOSCH совети:
Заштитете го паркираното возило
Шалт таблата или инструмент таблата и воланот можат да претрпат оштетување од високи температури и сонце. Ако подолго време морате да паркирате на сонце, потребно е да се користат заштитни прекривки како на предниот внатрешен така и на задниот дел од возилото. Заштитните прекривки се од картон, алуминиумски фолии, топлоотпорна пластика итн.
Заштитете ја инструмент таблата со соодветно средство
Денеска на пазарот постојат средства чија главна намена е заштита од висока температура и изложеност на сонце. Ваквите средства прават заштитен филм кој дава издржливост и константност на вакви услови.
Употреба на затемнети прозори или штитници за сонце
Употребата на ваков вид на заштита значително ја намалува температурата во возилото, но предходно мора да се испочитува законот за затемнување на прозори на возило.
Паркирајте го возилото под сенка
Ако е возможно најдете „дебела“ сенка или паркирајте на затворено во најтоплите делови од денот.
Проверете го акумулаторот
Високите температури можат да доведат до прекумерно испарување на течноста во акумулаторот, а со тоа и да го намалат животниот век на истиот. Ако имате ваков тип на акумулатор, проверете го и додајте дестилирана вода.
Задолжителна проверка на нивото на разладна течност (антифриз)
Разладната течност е таа која го лади моторот и ја одржува работната температура. Летно време треба да се прават почести проверки и надополнување доколку е потребно.
И еден безбедносен совет, не го отварајте капачето од експанзиониот сад кога моторот е загреан бидејќи има опасност од изгореници, почекајте барем еден час.
Патувајте кога е поладно
Испланирајте го патувањето така да поголем дел го помините во поладни услови. Тргнете рано наутро или доцна навечер. Испланирајте ја рутата на патување.
Трикови и совети : · Чисто возило ги одбива сончевите зраци, а нечистото ги апсорбира · Притисокот во пневматиците по возење на топло време ќе се зголеми, по упатството на производителот подесете го притисокот · Не оствајте деца и домашни миленици во возило на топло време, температурата може да се искачи и до 80° С · Кога возилото Ви е паркирано подотворете ги прозорите за да циркулира воздухот во него
February 2, 2018