Кога е потребна промена на дел на Вашето возило?

Редовен сервис, би требало да се направи на точно пропишана километража или да се послуша советот на сервисерот бидејки така ќе го продолжите работниот век на Вашето возило.Доколку го одлагате редовниот сервис доаѓа до таложење на нечистотија во горивото,се намалува вискозноста на моторното масло а со тоа се зголемува триењето.Напоменуваме дека почесто возење во град бара почесто менување на масло,односно се скратува интервалот за редовен сервис.
Свекички, имаат ограничен век на траење.Ако не се заменат навремено може да дојде до зголемување на потрошувачката,неправилна работа на моторот и тешко стартување.Секогаш,за промена,да се пратат препораките на производителот,тоа е 30.000-90.000 км.
Квачило,можете дополнително да му го намалите работниот век доколку ја”одмарате”ногата на педалата за квачило,почесто користите моторно кочење,на семафор или на угорнина во прва брзина со ногата на квачило,а возилото стои.Кога ќе почне да пролизгува и возилото не влече,потребна е замена на сет за квачило.
Турбо полнач (турбина), е често составен дел од моторот кај современи возила.Доколку сте го исфорсирале мотрот,капки од моторно масло и други нечистотии кои се создале во процесот на согорување,ќе се наталожат на вратилото на роторот и лопатките на турбината и ќе придонесат технички и функционално да откаже.После такво возење треба да се избегнува нагло гасење на моторот,односно да се почека извесно време турбината да се излади.Ако дојде до проблем со турбо полначот истиот треба брзо да се реши за да недојде до поголеми компликации.
Сопирачки, се исклучително важни и треба да се обрне внимание како на еден од најважните системи во возилото заедно со системот за управување.Нагли и прерани сопирња резултираат со абење на дисковите и плочките за сопорање.Нивната замена треба да е неодложна бидејки можете себи и другите гда ги изложите на сериозно опасни ситуации.
DPF(дизел партикуларен филтер),составен дел на скоро секој дизел агрегат кој е произведен после 2004 година.Честото возење во град,лош квалитет на гориво,неадекватно масло,механички или електронски проблем можат да го запушат филтерот.Ако се запали индикаторот на борд компјутер,потребно е да се направи дијагностика и утврди проблемот.Доколку филтерот е презапушен нетреба да се прави насилна регенерација,со тоа ризикувате проблеми со филтерот и системот за согорување.Регенерацијата (доколку се исполнети бараните услови) возилото ќе ја направи само,во спротивно ќе мора да посетите сериозен сервис.
February 2, 2018

Leave a reply