СИСТЕМ ЗA СОПИРАЊЕ

Сопирачка, е уред чија функција е да го забави или запре движењето на механизам или возило. Во принцип, сопирачите се механизам кој го менува типот на енергија. Кога се вози со забрзување, возилото има кинетичка енергија, а кога ќе се притисне педалата за сопирање, диск плочките или сопирачките облоги притискаат на дисковите или барабаните и ја претвараат кинетичката енергија во топлинска како резултат на триење.
Нивната промена го диктира стилот на возење, односно поагресивно возење и сопирање придонесуваат за побрзо абење на диск плочките или сопирачките облоги (гуртни). Системот е замислен да при експлоатација на возилото побрзо се трошат диск плочките отколку дисковите и ова е вака бидејки нивната замена е побрза и поевтина.Индикатори кои Ви покажуваат дека е време за замена се:
  • Шкрипење од делот на сопирачките
  • Тресење
  • Подолготрајно запирање
  • И кај поновите возила свети индикатор за плочки
Втора круцијална работа кај системот за сопирање е течноста за сопирачки (глицерин). Некоку факти за течноста за сопирање:
  • Течноста за сопирање е таа која ги движи компонентите во системот за сопирање на Вашето возило. За да обезбедите сигурно запирање на возилото без инциденти, потребна Ви е адекватна течност за сопирање која лесно ќе се движи низ системот и исто така важно е да е функционира беспрекорно на висока температура и притисок.
  • Течноста за сопирање е хидроскопна, ова значи дека абсорбира влажност што не е добро. Течноста абсорбира влага од допир со вода па дури и од воздухот. Ако течноста стане презаситена со влага ќе почне да ги разградува линиите и компоненетите од системот за сопирање што ќе предизвика непрвилно функционирање. Затоа е важно да се замени течноста за сопирање.
  • Замена на течност за сопирање. Поради хидроскопноста на течноста, Европските производители на возила, препорачуваат замена на секој две години. Без нова и чиста течност за сопирање можете да се најдете во ситуација да Ви е поптребна поправка поради сообракајка или ненавремено сопирање. Заменете ја течноста на секој две години.
  • Бидејки течноста е хидроскопна, течењето ќе предизвика корозија на сите делови од системот како што се главен цилиндер за сопирање, шепи, цилиндерчиња за сопирање, ABS системот, а рѓата која се создава внатре во линиите за течност е сосема друг сериозен проблем. Како и да е потребата од промена на секој две години е неминовна и ова ќе Ве чини многу помалку отколку ако се создаде некој од горенаведените проблеми.
February 2, 2018