СОВЕТИ ЗА КЛИМА УРЕДИТЕ

Еден од најважните сегменти во возилото за време на летниот период е клима системот.Неговата функционалност е круцијална за конфортно возење во топлите летни денови.Сега е вистинскиот момент за проверка која ќе Ви даде удобност  во текот на патувањето. За непречено функционирање на истата потребно е да се направат неколку проверки:

  • Проверка на ремени од клима систем (испуканост/разресеност)
  • Проверка на спојка од компресор (укочена, фрла на страна)
  • Проверка на осигурувачи (пробиени)
  • Проверка на количество на фреон
  • Проверка на електрична инсталација (дали е во прекин)
  • Проверка на црева и цевки (течење,континуитет)
  • Проверка на заптивки,О-прстени
  • Проверка на функционалност на перка за ладење
  • Проверка на ладилник и кондензатор
  • Проверка на работен притисок во системот

5 Факти за автомобилски клима систем:

  1. Системот губи фреон годишно 150g (околу 20%)

Оваа вредност се зголемува кога системот котинуирано не се користи,односно доаѓа до ствднување на заптивките кои пропуштаат фреон.Надополнувањето со фреон ќе обезбеди нормално функционирање на системот и климатизирање на возилото.

  1. Сервисирање и дополнување на системот се препорачува на секој 18 месеци

Овој податок е различен кај производителите,но надополнувањето со фреон ќе овозможи правилна работа и ке спречи можни проблеми.

  1. Клима системот потребно е да се дезинфекцира периодично

Системот во текот на своето работење е подложен на собирање на штетни бактерии.Ако истиот не се користи подолг период (особеново во зима) проблемот може да се зголеми.Во овој период,кога времето е ладно,кондензацијата се собира околу испарувачот и прави подлога за создавање на мов и габи.Како се зголемува нивното присуство се создаваат бактерии кои ослободуваат лош мирис и сериозно можат да го нарушат здравјето на патниците.Од овие причини потребно е да се изврши дезинфекција и чистење на системот.

  1. Системот за климатизација потребно е да се користи цело време

За да се обезбеди оптимум на перфомансите на клима системот и за да бидете во можност да ја контролирате температурата Ве советуваме системот да се користи во текот на целата година,односно во текот на зимата да се уклучува еднаш неделно на ладно подесување.(на пример,нејефикасно е да се користи на автопат каде влијанието на порошувачката е минимално)

  1. Во модерните возила клима системот користи 4 коњски сисли (3 kW) од силата на моторот,што ќе резултира со зголемување на потрошувачката
April 3, 2018