Со цел обезбедување на сите услуги на едно место, во склоп на нашата групација функционира и брокерското друштво ЕОС Брокер. Нашата примарна цел е да работиме во интересот на своите клиенти, остварувајќи соработка со водечки осигурителни куќи во земјата и странство, застапувајќи ги нашите осигуреници во сите фази на договорите за осигурување.

Секогаш со вистинскиот совет при изборот за осигурувањем воедно и ризикот од кој треба да се осигурате и на кој начин.

ЗАШТЕДЕТЕ НА ВРЕМЕ, СО НАС СЕКОГАШ ДОБИВАТЕ ПОВЕЌЕ!

  • 20% попуст за готовинско плаќање за имотни осигурувања
  • Плаќање на рати
  • Месечно плаќање на полисите за животно осигурување
  • Плаќање со кредитни картички на Стопанска Банка АД Скопје и НЛБ Тутунска Банка на 12 рати без камата

ПЛАНИРАЈТЕ ЛЕСНО И БЕЗГРИЖНО

Донесете вистинска одлука! Пронаоѓањето на најповолната полиса за осигурување отсега е лесно, кога знаете кои се Вашите опции. Ние ќе Ви помогнеме и овозможиме најповолна понуда, а воедно ќе Ви ги претставиме сите дополнителни опции кои ги имате на располагање пред да го направите вистинскиот избор на полиса за осигурување согласно Вашите побарувања сѐ со цел да можете да заштедите уште повеќе!

  • Менаџерско осигурување на живот
  • Осигурување од последици на несреќен случај
  • Осигурување на живот
  • Здравствено осигурување
  • Осигурување на туристичка помош – Патничко осигурување
  • Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила – Автомобилска одговорност
  • Осигурување на моторни возила – Каско
  • Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила во странство – Зелена карта
  • Осигурување на имот од пожар и природни непогоди

Животното осигурување е одличен начин да се подготвите за неочекуваните моменти во животот. Со склучување на договор, Вие одлучувате да штедите по пат на животно осигурување кое не само што го обезбедува Вашето семејство во случај на незгода, тешка болест или смрт, туку и Ви овозможува:

  • Дополнителни приходи за достоинствена и мирна старост
  • Помош на најблиските во моменти кога се решаваат важни животни прашања како школување или стан
  • Исполнување на желби кои не сте биле во можност да си ги допуштите како хоби

Основната мисла која ги води сите родители, дедовци и баби е како на своето дете или внуче да му осигураат добар живот и среќна иднина, а воедно и почетен капитал за самостоен живот, кога за тоа ќе дојде време.

КОКО – Детско Штедно Осигурување е одличен начин доколку сакате на Вашите најмили да им обезбедите почетен капитал за остварување на животните цели (образование, сопствен стан, автомобил, патување од соништата, свадба…)

ОСИГУРИТЕЛНИ БРОКЕРИ
Маја Галевска
Осигурителен Брокер
+38971258316, +38926134159
Васо Чавдаровски
Осигурителен Брокер
+38971323510; +38926134160
Зора Јанковиќ
Осигурителен Брокер
+38971210618, +38926134160
Јулијана Зафировска
Осигурителен Брокер
+38971323503,+38926134159