ПРОЛЕТНИ ПРОВЕРКИ НА ВАШЕТО ВОЗИЛО

Зимата заврши. Време е за пролетните проверки и освежување на Вашето возило. Неколку едноставни чекори ќе помогнат да избегнете скапи поправки.

Проверка на акумулаторот

Нема да стигнете никаде ако возилото не може да запали. Зимата тешко ја „поднесуваат“ компонентите за палење и акумулаторот. Акумулатерот потешко стартува и може да протече. Индикатори за слаб  акумулатор: намалување на јачината на фаровите или внатрешното осветлување, електронското отворање на прозорите функционира побавно…

Проверка на пневматици

Најпрво, потребна Ви е промена на зимските со летните пневматици, па проверка на летните. Истрошените пневматици ќе придонесат за зголемена потрошувачка на гориво, нестабилност и тешко запирање иако сопирачките Ви се во ред. Проверката се однесува на длабочината на шарите, притисокот и старосната граница. Да не заборавиме и на резервното тркало кое треба секогаш да биде подготвено.

Проверка на ремени и црева

Скинат ремен или црево можат да предизвикаат проблеми како губење сила на управувачкото тркало до прегревање на моторот, но овие делови се лесно достапни за проверка. Ве покануваме во нашиот сервис каде можеме да направиме инспекција на ремените и цревата од разресеност или пукнатини и омекнатост и на време да реагираме.

Проверка на системот за климатизација

Системот за климатизација на Вашиот автомобил ќе биде тешко експлоатиран во текот на целото лето, па затоа пожелно е да биде проверен. По напорната зима, треба да се изврши редовна проверка за евентуални недостатоци и доколку е потребно да се дополни со фреон.

Компјутерска дијагностика

Комплетна компјутерска дијагностика на Вашиот автомобил од страна на нашиот обучен тим со лиценциран софтвер за сите видови автомобили. Компјутерската дијагностика ќе ни даде вистинска слика за состојбата во која се наоѓа Вашето возило и параметрите од дијагностиката можат да помогнат во превенција на идни несакани дефекти.

Проверка на сетот за помош на пат и летно средство за ветробранско стакло

Ве покануваме да не исконтактирате за нашиот професионален тим да ја организира Вашата пролетна проверка БЕСПЛАТНО*! Закажете веднаш!

*акцијата важи од 15 Март до 31 Март 2018 година.

March 14, 2018