Зошто е важно редовно да го правите малиот сервис на вашето возило?

Во споредба на моторот на автомобилот со човечкото тело можно е да се повлече една паралела помеѓу поединечните органи во човечкото тело и деловите на моторот. Така, системот за подмачкување на моторот, моторното масло и пумпата за масло може да се споредат со срцето и циркулаторниот систем, филтерот за воздух на моторот и воздушниот филтер во кабината за дишење со белите дробови, додека филтерот за гориво со желудникот. И исто како што човечкото тело не може правилно да функционира ако некои од неговите системи не функционираат како што треба, така што моторот не работи правилно во случај да било кој од горенаведените делови или склопови е дефектен, валкан или затнат.

Како што редовно се грижиме за нашето здравје така потребно е да се гришиме и за нашиот автомобил. Ваквата грижа се обезбедува со редовните мали сервиси, кои потребно е да бидат редовни со цел навремено да се одгонетнат проблемите на возилото.

Срцето и циркулаторниот систем во возилата го сочинуваат масло, филтер за масло и пумпа за масло. Маслото е моторна крв и има неколку функции. Со редовно подмачкување на моторот или неговите подвижни делови се намалува триењето помеѓу нив и придонесеува за нивното времетраење и сигурност. Исто така, со себе ги носи сите нечистотии и мали честички кои се формирани за време на согорувањето во цилиндрите на моторот. Сите овие загадувачи завршуваат во филтерот за масло, кој на крајот откако ќе ги апсорбира повеќето нечистотии постепено ослабува неговата функција на филтрација, но исто така се намалува протокот на масло низ него. Ограничениот протокот на масло во секој сегмент резултира со намалено подмачкување на системот и повеќе абење на моторните делови, што пак води до намалување на животниот век на моторот. Затоа, со цел да се подобри работниот век на моторот и неговата сигурност важна е навремена промена на масло и филтер каде што треба да се користи точна градација на моторно масло, како и инсталација на филтерот.

Белите дробови се филтерот за воздух на моторот. Неговата примарна улога е да го спречи влегувањето на несакани честички во внатрешноста на цилиндерот на моторот, со цел да се спречи нивното оштетување, но исто така и да се обезбеди доволно количество чист воздух потребен за согорување на горивото во цилиндерот. Во денешно време, високо загадениот воздух му пречи на моторот доколку е филтерот е дотраан. Затнат воздушен филтер значи автоматски помал внес на воздух потребен за согорување или поголема потрошувачка на гориво за да се добие иста количина на енергија од моторот, во некои случаи само со замена на филтерот за воздух се заштедува до 30% од горивото во споредба со потрошувачката регистрирана со валкан филтер. Затоа секоја промена на маслото треба да се провери и филтерот за воздух на моторот и, доколку е потребно, во случај на тешка нечистотија да се промени.

Филтерот за воздух во кабината или патничкиот простор служи за чување на штетните честички надвор од кабината, како и за филтрирање на миризбата. Постојат различни но најдобар избор е оној со активен јаглен, бидејќи активниот јаглен придонесува за подобра и побрза филтрација на воздухот и е особено корисен за лица со слергии, бидејќи врзува повеќе воздушни алергени, како и непријатни мириси. Неговата редовна инспекција и промена, исто така, придонесува за околината која е попријатна за луѓето во возилото.

 

И конечно, желудникот или филтерот за гориво на моторот. Контаминацијата на гориво доведува до дефект на моторот, а во некои случаи и оштетување на делови од системот за вбризгување на гориво, трошоците за поправки може да се искачат и до суми со пет цифри. Особено чувствителни се турбодизел моторите, во кои штетата на пумпата за гориво под висок притисок доведува до поправка на неколку илјади денари. Првата „одбранбена линија“ е филтерот за гориво, најважниот елемент на системот за снабдување со гориво, исто како и кај филтерот за масло или воздушниот филтер, а неговата употреба со текот на времето води кон поголема нечистотија, помал проток на гориво, а со тоа и на поголем притисок на моторот и намалување на неговиот животен век . Одржувањето на препорачаниот интервал на филтерот за гориво овозможува непречено функционирање на моторот на возилото како издржливост и сигурност.

May 9, 2018