ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

Потрошувачката на гориво кај возилата со мотори со внатрешно согорување е нормален феномен бидејќи се согорува горивото за да се придвижи возилото. Потрошувачката почнува да не загрижува кога возилото троши повеќе гориво од вообичаено. Кога ова ќе се случи потребно е да се направат проверки и доколку е потребно поправка или замена на дел. Фактори кои имаат влијание на потрошувачката:
1. Капачето за дотур на гориво мора добро да дихтува за да не испарува горивото.
147 милоини галони на гориво испаруваат од возилата на светско ниво за една година.
2. Избегнувајте работа во празен од.
Кога управувате со возилото избегнувајте работа на моторот во празан од (лер).Кога возилото работи а не се движи ,поминатите километри се 0 а горивото е потрошено.Современите возила трошат повеќе гориво со работа во празен од отколку ако повторно се стартува моторот.
3. Забрзувањето и сопирањето треба да биде постојано.
Притисок врз педалите мора да е константен,односно „тешка нога”секогаш резултира со зголемена потрошувачка и намалени поминати километри.
4. Брзина на возење.
Секогаш возете со прикладна брзина
5. Употребувајте cruise control на автопат.
Ова значи дека возилото ќе се движи со константна брзина без нагли забрзувања кои ќе ја зголемат потрошувачката.
6. Направете го Вашето возило повеќе аеродинамично.
Ова ќе можете да го направите со отстранување на кровните носачи и намалете ја тежината со отстранување на непотребните работи во возилото
7. Правилна напумпаност на пневматици.
Слабо напумпани пневматици ја зголемуваат потрошувачката бидејки ненапумпаниот пневматик има поголема допирна површина со подлогата а со тоа поголемо триење кое ја зголемува потрошувачката.
8. Кородирани кабли и терминали од акумулатор.
Ова ќе придонесе за потешка работа на алтернаторот за што е потребна енергија која доаѓа од согорувањето на горивото.
9. Промена на филтер за воздух.
Филтерот за воздух го диктира количеството на воздух во смесата за согорување
10. Правилно моторно масло според производителот на возилото.
Ова се однесува на густината на маслото
11. Отворени прозори.
Отворените прозори при мали брзини немаат големо влијание ,но при големи брзини ја намалуваат аеродиналичноста на возилото со тоа отпорот е поголеи и расте потрошувачката.
12. Клима систем.
Клима системот е наменет за подолги патувања каде е потребно да се створи нормална микроклина,но на кратки релации претставува голтач на гориво и нема да создаде чуство на конфорт.
Важно е да се напомене дека сите наведени фактори имаат мало влијание на потрошувачката,но кога сите ќе се земат во обзир на подолги патувања поминатите километри се намалуваат.
February 2, 2018